еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Филипче на роденден кај Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената чие што срце и бубрези спасија три животи

Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше на роденден кај Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.

“Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.

Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша Филипче на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта

Редакција

Денеска претпладне сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција

(Галерија) На Бадник кај Иванови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница