еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Претпладне сончево со до умерена облачност, попладне нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се движи од  25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота.

Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Паричката во фамилијата на Мицкоски кај мајка му

Редакција

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Редакција

(Фото) „Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница