еМагазин
Image default
Забава

Крај на љубовната приказна помеѓу Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска: „Не е лесно да се живее со мене“

Поранешниот директор на Финансиска полиција, Ване Цветанов на неговиот Фејсбук-профил информираше за крај на љубовната приказна со манекенката Дунавка Трифуновска.

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене.

Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш…

Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!,“ напиша Цветанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Финансиска полиција Ване Цветанов и манекенката Дунавка Трифуновска не ја кријат љубовта

Фото: Фејсбук/Цветанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Трифун Костовски промовираше нови песни

Редакција

450 млади од осум земји на „Џифони Македонија“ од денеска до 8. октомври

Редакција

Познати светските музички ѕвезди кои ќе настапат на „Охрид колигнг“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница