еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Малку посвежо денеска и утре, од вторник повторно многу топло

Малку посвежо време ќе преовладува денеска и утре во земјава. Синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен.

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со утринска температура до 17 степени и дневна до 36 степени.

Веќе од вторник повторно ќе биде многу топло со пораст на дневните температури до 40 степен.

Најтопло ќе биде во четврток кога, според најавите, максималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен.

Од средина на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Коцевски избран за нов државен јавен обвинител

Редакција

(Фото) Товарно возило проби ограда на мост и падна во Вардар помеѓу Зелениково и Таор

Редакција

(Галерија) Избор на агенцијата „Марили“: Оваа се најуспешните жени менаџерки во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница