еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Британски научници потврдија дека вакцинацијата ја ослабела врската меѓу заразата и смртноста од Ковид-19

Масовната кампања за вакцинација против Ковид-19 во Велика Британија ја ослабе врската помеѓу заразата со коронавирусот и смртниот исход, но сè уште не е прекината целосно, изјави шефот на научното советодавно тело на британската влада.

Питер Хорби, претседател на владиното советодавно тело, за Би-би-си изјави дека Велика Британија има „многу помалку хоспитализации“.

На прашањето дали има доволно докази дека вакцините ја прекинале врската помеѓу вирусот и тешките форми на болест и смрт, тој рече: „Тие сигурно ја ослабнаа таа врска“.

Првата доза на вакцината ја примиле повеќе од 80 проценти од возрасната популација, а втората повеќе од 60 проценти, покажуваат официјалните податоци.

– Дефинитивно гледаме повисоки стапки на инфекции, но и многу помалку хоспитализации, така што таа врска е навистина многу послаба, што е навистина фантастично, но сè уште не е целосно раскината, рече Хорби.

МИА/Фото: Photo by Daniel Schludi on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја повикувам ЕУ да стави крај на фашизоидни и хегемониски намери на официјална Софија, повика Мицкоски

Редакција

Одбиено барањето на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ за усогласување со законските измени

Редакција

Испрати ли Боки 13 порака со објавата на Фејсбук страната на 1ТВ дека ќе бидеме изненадени од позадината за „Рекет“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница