еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, информира Врховниот суд.

– Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила разрешената судијка Софија Лаличиќ

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворен новиот изложбен салон на Алумил во Скопје

Редакција

Оштетен споменикот на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа, осуда од МНР и градоначалникот на Охрид

Редакција

Судење за „27 април“: И поранешниот шофер на Чавков го негира исказот на Нинџа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница