еМагазин
Image default
Македонија

Бугарската компанија „Комак медикал“ нема повеќе да вакцинира граѓани на Македонија

По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврди за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар, Милен Врабевски.

Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Северна Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија.

Досега 3.200 граѓани на С Македонија беа вакцинирани од страна на „Комак медикал“ и ним им биле издавани сертификати за вакцинација, рече Врабевски за МИА.

Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.

Врабевски, за дописникот на МИА од Софија, вели дека вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за С Македонија, се уште не се доставени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија повторно најавува вакцини за Македонија, овојпат од Брисел

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поднесе кривична против Петре Шилегов и Љубица Јанчева

Редакција

Нови шест починати од Ковид-19 во Тетово, 104 пациенти се на кислородна поддршка

Редакција

Филипче: Аплициравме за вакцини против Ковид-19 за 20% од населението, очекувањата се дека ќе бидат достапни на почетокот на следната година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница