еМагазин
Image default
Македонија

Шеесетгодишник од Миладиновци осомничен за полово задоволување пред деца​

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“,  во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител,“ информираат од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канческа Милевска за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е избрзана и „истресена од ракав“

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.559

Редакција

Центар се изедначи со Аеродром по бројот на заболени со корона вирусот, Чаир останува на врвот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница