еМагазин
Балкан

Во Грција уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Македонија

За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот бил спакуван во 31 пакување.

– Од истрагата на полицајците произлезе дека горенаведената количина дрога претходно ја примил од граничниот премин кај Килкис, со цел понатамошна трговија во внатрешноста на земјата, соопштуваат од грчката полиција.

При претрес на домот на уапсениот, кој според медиумите во Грција, е државен службеник вработен во општина, биле откриени и запленети воздушен пиштол, 12.000 евра и 12 кутии анаболични супстанции.

Бил запленет и моторот, за кој било констатирано дека е со украдени регистарски таблици.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Македонски државјанин со 300 килограми кокаин „падна“ во рацете на албанската полиција

Редакција

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Редакција

„За да се спречи предавство на Македонија“: На 20 јануари протест во Атина против Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница