еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и многу топло со температури до 39 степени и засилен јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува девет.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.

Фото: Photo by Anna Demianenko on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

Редакција

Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи

Редакција

Почина Тони Николовски, сопруг на експратеничката Ленче Николовска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница