еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Македонскиот модел Елена Реи снимаше каталог за престижна американска дизајнерка која ги облекува Обама, Лопез, Трамп, Палтроу

Македонскиот топ модел Елена Реи беше ангажирана да слика каталог за престижната американска дизајнерка Monique Lhullier.

„Иако препознатлива по нејзините раскошни венчаници оваа американска дизајнерка со филипинско потекло исто така дизајнира свечени тоалети и ready- to – wear колекции. Нашата Реи беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо во Италија, и воедно беше на истото место кога ги сликаше венчаниците за „Харперс Базар“ за позначајни модни брендови.

Дизајнерката Monique Lhullier низ годините се потруди да облече голем број дами за свечени настани и престижни фестивали како Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт и Меланија Трамп.

Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел заради наметнатата паузата предизвикана од пандемијата на Ковид-19,“ вели Алек Наумовски од „Моделс Ин Менаџмент“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 153 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

Палевски го спори денот на убиството на Жежовски, во Турција отишол за да земе и доказ дека Гоце Делчев го убиле врховистите

Редакција

Центарот за јавно здравје – Скопје вработува 14 лица, плата до 33.727 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница