еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара локалните избори да се одржат на 17 октомври

ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок и на 17 октомври да се одржи првиот круг од локалните избори, изјави денеска пратеникот на опозициската партија, Антонио Милошоски во врска со предлогот на премиерот Зоран Заев, локалните избори да се одржат на 30 октомври.

– Локалните избори не се определуваат за желбата на кој било политичар, било и тој да е премиерот. Локалните избори се одржуваат во точно определен термин според Уставот и законот, а уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври, првиот круг, посочи Милошоски.на денешната прес-конференција.

Тој рече дека се друго значи прекршување на Уставот и законите, додавајќи дека „внатрепартиските и меѓукоалициските пресметки во ДУИ, СДСМ, БЕСА и помалите партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните“ и да бидат изговор изборите да не се одржат на 17 октомври.

– Се друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините.

ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и законски рок, а тоа е 17 октомври прв круг локални избори во Македонија, истакна Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Локални избори на 31 октомври за да не се совпадне кампањата со Пописот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски Аеродром има најмногу жители и најмладо население, во Македонија 205 населени места се празни

Редакција

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Редакција

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница