еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на кинеската република, пренесува Тасс.

„Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема да следиме таков план. Кинеските власти ги поддржуваат научните истражувања“, рече Зенг.

Тој, исто така, истакна дека Кина „се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот и смета дека втората фаза треба да се темели на резултатите од првата фаза“.

Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, соопшти дека организацијата се подготвува за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот САРС-КоВ-2 и очекува транспарентност од кинеските власти.

Тој истакна дека првата фаза се соочувала со одредени проблеми. Едниот од нив тој го нарече „пристап до податоци, особено до податоците за почетокот на пандемијата“.

Гебрејсус, исто така, не ја исклучи можноста ширењето на коронавирусот да било резултат на „вонредна ситуација во лабораторијата“.

Кинеското Министерство за надворешни работи во својот одговор изрази надеж дека експертите на СЗО за време на новата фаза на истражувањето ќе посветат поголемо внимание на теоријата дека коронавирусот бил донесен во Вухан со замрзната храна и не се појавил како резултат на лабораториско протекување.

МИА/Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора воведува построги мерки, се зголемува бројот на заразени од Ковид-19, но се уште нема делта сој

Редакција

МВР склучи договор со “Рикомак копир сервис“ вреден 863,4 илјади евра

Редакција

Министерката Божиновска тврди дека немала повеќе бугарско државјанство, го имала поради деловни активности во ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница