еМагазин
Image default
Локално

Приведен 26-годишник од Чешиново, уценувал 45-годишна жена со видеа со компромитирачка содржина

Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа околу 23 часот го лишиле од слобода И.З.(26) од с.Чешиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, според пријавата од 45-годишна жителка на Кочани, И.З., со кого била во љубовна врска, ја уценувал дека доколку не му даде пари, ќе објавел фотографии и видео запис за неа со компромитирачка содржина.

Во координација со јавен обвинител, лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259, став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за тетовчанец поради даночно затајување

Редакција

Велешанец се заби во бетонски ѕид со „Рено Кампус“

Редакција

Инцидентот во Техномаркет во Скопје се случил во септември, напаѓачите се приведени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница