еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Крушево очекува да биде сертифицирано како „Covid free“ дестинација

Крушево очекува да добие потврда, како соодветен сертификат дека е здравствено безбедна туристичка дестинација за европските туристи.

Експерти од Европскиот совет за туризам и за трговија ќе го посетат Крушево за да ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација и да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки.

Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, потребата од ова сертифицирање доаѓа како резултат на сѐ поголемите барања на европските туристи да посетуваат исклучително места каде ќе бидат безбедни од евентуално инфицирање со Ковид-19, а потврда за тоа ќе биде соодветен сертификат издаден од Комисијата. Крушево очекува да ја добие таа потврда.

– Очекуваме да добиеме потврда дека сме Ковид-19 безбедна дестинација. Тоа ќе придонесе да се истакнеме на европската туристичка мапа како безбедна дестинација и вредна, од здравствен аспект, за посета. Крушево ќе биде „Covid free дестинација, вели Христоски.

Експертите од Европскиот совет во Крушево ќе престојуваат од 4 до 9 август.

-Ова ќе биде голем придонес за локалните угостители, ќе се зголеми нивната работа со фактот што градот ќе биде сертифициран како дестинација која ги почитува сите здравствени мерки и протоколи, додава Христоски.

Крушево е во градовите каде нема активни случаи.

МИА/Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анди Исмаили од Гостивар светски шампион во современ танц за деца

Редакција

Парите за новогодишно украсување во Куманово, пренаменети за набавка на опрема за ученици за следење онлајн настава

Редакција

Веро организира „Денови на грчките вкусови“ со традиционални производи по промотивни цени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница