еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Повторно топол бран: Од средината на следната недела до 41 степени

Управата за хидрометеоролошки работи најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места температурата ќе биде 40 степени.

Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степени, а утринските ќе се искачат до 24.

За денеска попладне се прогнозира можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И вечерва кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк во Скопје

Редакција

(Фото) Оштетена иконата на Исус на крстот во Драчево, ставен и Куран

Редакција

(Галерија) Ново хит место: Leaf cafe во Градски парк во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница