еМагазин
Македонија

Ревакцинирани се 351.369 граѓани: 63% од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани.

„Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба,“ се вели во соопштението.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вице Заев за „бомбата“: Тоа се очајни лаги, Заеви се чесни Македонци

Редакција

Починаа двајца нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 171

Редакција

Водачот на групата од Грчец се сликал со Меси, но и со македонски функционери, а го има и во „бомбите„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница