еМагазин
Image default
Локално

Притвор за 31-годишен гостиварец осомничен за силување​ на 17-годишна девојка

Основното јавно обвинителство  Гостивар поведе постапка против лице на возраст од 31 година, жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 27 јули 2021 година со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото, извршил обљуба врз оштетена на возраст од 17 години, информира Јавното обвинителство (ЈО).

Поради стореното кривично дело, а во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

-Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка кој со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварчанец осомничен за обљуба на 17-годишна девојка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред осум училишта во Битола ќе бидат поставени смирувачи на сообраќајот

Редакција

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Редакција

Почина пешак по удар од „опел астра“ на булеварот Александар Македонски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница