еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски за порталот МКД, вели дека прележаните, во принцип, ако имаат антитела преку референтната вредност, нема потреба да се вакцинираат.

“Во сите извештаи поврзани со пандемијата од Ковид-19 малку информации има за прележаните, за лицата што се заразиле, прележале „на нога“ или во кревет, и што со нив сега?

Претпоставка е дека имаат антитела, дали да се вакцинираат, имаат ли право на серификат за слободно патување, каква е статистиката во однос на евентуално повторно заболување, во однос на починатите, што со делта-сојот…

Неколку пати се обидовме од официјални извори да добиеме некаква информација, статистика, процена… но засега ништо“, вели тој.

Сепак, додава Даниловски, ако антителата им се на граница, за нив е доволна само една доза од која било вакцина.

„Ќе им биде поттик на имунитетот во пресрет на делта-сојот. Проблемот е, наспроти сите мои укажувања, во тоа што кај нас сертификат за целосна имунизација сѐ уште не издаваат само со една доза кај прележаните“, вели Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски вели дека делта сојот манифестира слични симптоми како и настинката

Доктор Даниловски предлага ПЦР-тест за влез во Македонија и вакцинирање на децата за да се намали ризикот од ширење на индискиот сој

Доктор Даниловски: Единствен спас од индискиот сој е масовна вакцинација, и младите треба да се вакцинираат

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Моделот Катарина Ивановска: „Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“

Редакција

Пановски: Имаме некој колективен имунитет, но тоа не значи дека вирусот ќе го нема

Редакција

(Видео) На Мечкин камен двајца учесници во илинденската коњаница ги запросија девојките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница