еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Горат предградија на Атина: Илјадници жители ги напуштија домовите

Пожарникари во Грција не можеа да го спречат исклучително големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина денеска, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство.

– Напуштете ги своите домови веднаш – ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија.

Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари, бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, што не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови.

Во другите делови на Грција, пожарникарите се борат со големиот пожар на островот Родос, што ги принуди жителите на неколку општини да избегаат.

Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожар ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот удар, бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер.

МИА/Фото: Intime via newsit.gr/видео: newsittv/TV OPEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 27.500 евра: Скопскиот Апелационен суд купува возило

Редакција

(Фото) Лидерот на Алтернатива, Гаши се сретна со Заев во Струмица, поводот за средбата непознат

Редакција

Пораката од Битола е признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ, вели Петковски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница