еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

72-годишник од Битола во неговиот дом полово нападнал девојче

Основното јавно обвинителство (ЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР со предупредување: Во Скопје и Куманово се очекува невреме

Редакција

Екс-директорот на Централен, Поповски и давал плата на вработена, а таа работела во партија

Редакција

(Видео) Русија тврди дека го намалува военото присуство на границите со Украина, Западот дека го зголемува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница