еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по цена од 62 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по цена од 36,876 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.

РКЕ во образложението за цената на горивата наведува дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215  проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ претстави две нови и реотвара седум рути од Македонија

Редакција

Авионската линија Скопје-Крф е откажана од комерцијални, а не од полтички причини

Редакција

За прехранбените компании кои не ги намалија цените потрошени 1,5 милиони евра за субвенционирана струја, пари на граѓаните

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница