еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и физичко лице за работа во затворениот дел на објектот и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, соопшти попладнево МВР.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и  М.А.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца гостиварци: Уценувале девојка со објава на компромитирачки материјали

Редакција

Се запали „Волво“ во движење на автопатот Велес-Градско

Редакција

Приведен маж кај кого полицијата откри 39 банкноти од 100 евра со ист сериски број

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница