еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Специјалци од МВР приведоа четири лица од Неготино осомничени за „лихварство”, „изнуда” и други кривични дела

Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за  општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции и со СВР Велес, ги лиши од слобода  П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино.

По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.

– Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист.

За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината, велат од МВР.

Против нив СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Корупција, користење на дупки во законите, економска неизвесност на глобален план-се главни проблеми за работа на германските компании во државата

Редакција

(Видео) Ресторанот „Нома“ во Копенхаген, чијшто сопственик е Рене Реџепи кој има македонско потекло, е прогласен за најдобар во светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница