еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активини три пожари – кај Раовиќ, Патишка река и Ракле

Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица Вчкова.

Пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај е се уште активен и тоа на недостапен терен, кон сртот на планината Осој.

-Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, поради ветерот се разгори и се пренасочи кон правец на Матка. Се уште гори нискостеблеста, мешана и деградирана шума, изјави Вчкова.

Пожарот лоциран на месноста викана Радак, над селото Патишка река во Општина Сопиште е активен.

-Во текот на ноќните часови жители од село Соње, јавија дека се уште гори, но со намален интензитет и нема опасност од проширување и зафаќање одредени објекти. Утрово на ова место се упатени екипи на Националниот парк Јасен, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп е со слаб интензитет и се приметува само чадење без пламен во високиот непристапен дел и нема опасност од проширување.

-На терен е испратена екипа од Ј.П. Национални шуми – Прилеп за контрола на овој пожар, изјави Вчкова.

Пожарот на планината Готен, кај село Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на струмичкиот дел.

-Се прават прески и расчистување на лисната маса, а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел се уште има чадење и во моментот нема опасност од проширување.

На терен се екипи од Територијалната противпожарна единици од Струмица, МВР – Струмица, единиците на локална самоуправа од Василево, од Министерството за шумарство и водостопанство – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство Беласица, изјави Вчекова.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид со раст на консолидираните продажби од 6%, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025

Редакција

Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина, вели министерката Петровска

Редакција

Васил Јованов е пресметлив и психички здрав, вели неговиот адвокат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница