еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите пријавени македонски граѓани се евакуирани од Авганистан

Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација од Авганистан веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат во Велика Британија, Катар и Осло, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Со тоа, посочуваат од МНР, сите наши граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаат информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација.

-Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија, а над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје.

Последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, се вели во соопштението од МНР.

Од МНР, информираат дека во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски поднесе предлог за пополнување на Антикорупциска

Редакција

Промет од 14,7 милиони евра остварија акциите на „Алкалоид“ за осум месеци

Редакција

Подгответе се на трпение за во сообраќајот во Скопје до Нова година: „Македонија блокира“ остануваат на улица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница