еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска пороен дожд на повеќе места, од утре до вторник стабилно и потопло

Времето претпладнево е облачно и нестабилно и на повеќе места има пороен дожд и грмежи. Во изминатите 24 часа, седум литри дожд на квадратен метар наврнал во Прилеп и шест во Тетово.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека локално врнежите се во форма на невреме, со засилен ветер и појава на град. До крајот на денот врнежите ќе престанат и ќе се повлечат кон југоисток.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 19 до 31 степени.

Во Скопје е променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи и има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

УХМР информира дека од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

В среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток, претежно на планините, ќе има услови за краткотраен дожд. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција

Министрите Меџити и Алиу пред разрешување поради несогласувањата на Таравари и Меџити

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница