еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од денеска лични карти со „Северна“, старите ќе важат до февруари 2024

Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.

МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани.

За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите.

Власта, пак, тврди дека издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водечки светски компании ќе зборуваат на годишната конференција за е-трговија 

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Вакцинирање во Врање: Македонската асоцијација на новинари обезбеди “АстраЗенека“ вакцини за 100 медиумски работници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница