еМагазин
Македонија

Опцијата ПЦР тестови за влез во моловите и кафеаните ќе предизвикаше гужва на пунктовите и можност за ширење на вирусот, вели Заев

Не се воведени бесплатни тестови за влез во угостителските објекти и во шопинг центрите за оние граѓани кои од медицински причини во моментот не можат да се вакцинираат затоа што тоа би можело да предизвика гужви на пунктовите за тестирање и со тоа да се создаде атмосфера на ширење на вирусот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Заев рече дека се разгледувала оцијата за бесплатни ПЦР тестови за влез во угостителските објекти и на организирани настани, но оти тоа не е прифатено.

– Имаше дискусија за бесплатен ПЦР тест, дури и дискусија за платен тест или слично пред кафулињата, големите културни настани, одредени други помасовни организациски настани.

Причината беше заради тоа што тогаш ќе предизвикаме масовно упатување на луѓето кај пунктовите каде што се прават бесплатните тестови и тоа може да биде атмосфера на ширење на самата зараза. Токму од тие причини, не се даде таа сугестија, рече Заев. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 11 пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.456

Редакција

Судењето за „Монструм“ продолжува на 19 ноември

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп добила 203 илјади евра државна помош, еден ден откако Ковачевски станал мандатар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница