еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа последните македонски граѓани евакуирани од Авганистан

Од Лондон преку Цирих синоќа на Меѓународниот аеродром – Скопје, пристигнаа 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија.

Како што соопшти МНР, заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои пристигнаа нешто подоцна, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамки на МНР.

Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денеска, сите наши граѓани се вратени во земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два позитивни случаи на Ковид-19 во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“

Редакција

Mедицинскиот персонал и сите кои помагале при пожарот во модуларната болница во Тетово, на прием кај Теута Арифи

Редакција

Голем интерес: Над 37 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку онлајн апликацијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница