еМагазин
Image default
Локално

Жител на Македонска Каменица се самозадоволувал пред жени на јавно место

Поради самозадоволување пред жени, ОВР Делчево поднесе кривична пријава за жител на Македонска Каменица.

Како што е наведено во полициското соопштение, Е.И.(31) од Македонска Каменица со пријавата се здобил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“.

-Гореспоменатото лице се товари поради тоа што вршел полово дејствие на јавно место, додека покрај него поминувале две жени, стои во полициското соопштение од ОВР Делчево.

Од полицијата додадоа дека пријавата за осомничениот е поднесена на 14.08.2021, а кривичното дело, како што дополнија, се случило на крак од улицата „Светозар Марковиќ“ во Делчево.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР: Тепачката со стапови во Облешево била околу паркирање

Редакција

Жител на Кондово им се заканувал на медицински лица во поликлиниката Ѓорче Петров

Редакција

Ограбено казино на „Партизанска“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница