еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Жител на Желино се сомничи за вмешаност во оштетувањето на цевките за кислород во тетовската болница

Маж на возраст од 42 години од селото Желино вчера бил лишен од слобода, бидејќи полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница на 23 август.

Тогаш со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставиле барања за субвенции за воведување нови авиолинии

Редакција

(Галерија) Убава вест: Парк наместо депонија кај Железничката станица во Мичурин

Редакција

Нов рекорд: 307.930 новозаболени лица со Ковид-19 во светот за еден ден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница