еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се шетаат ли низ Македонија „лажно“ вакцинирани граѓани?

Од неколку извори, меѓу кои и болнички, до редакцијата на еМагазин стигнаа предупредувања дека во Македонија има лица кои ја злоупотребуваат процедурата за вакцинирање.

Според нашите извори на поголемите пунктови за вакцинација одредени лица всушност не се вакцинираат, а се регистрираат како вакцинирани, откако ќе ја злоупотребаат процедурата.

Нашите извори ни посочуваат дека тие лица влегуваат во пунктовите, на старт како што е процедурата се регистрираат, но не одат во кабините да ја стават вакцината, остануваат одредено време, а пред излегување, кога треба уште еднаш да се регистрираат, го прават тоа, иако претходно не ја примиле вакцината.

Ни беа посочени и наводни примери за плаќање за да вакцината биде истрошена на одреден пункт, но не и примена од лицето, кое платило за тоа.

еМагазин го контактираше Министерството за здравство, од каде велат дека до нив досега не стигнала жалба за злоупотреба на процедурата за вакцинација.

“Постои точно определен пат по кој граѓанинот поминува кога се вакцинира.

По пријава на пунктот, добива вакцинална картичка која треба да биде потпишана од медицинската сестра која го вакцинира, картичката треба да ја приложи при заверка со факсимил и потпис на пунктот за излез.

На самиот излез од салата волонтерите од Црвениот крст ја проверуваат веродостојноста на податоците заверени во процесот.

Министерството за здравство ги охрабрува сите граѓани доколку имаат некакви сомнежи за евентуални злоупотреби да пријават на истражните органи“, велат од Министерството за здравство.

До нашата редакција пристигнаа и предупредувања за циркулација на лажни сертификати за вакцинација, а дека тоа на терен се случува пред неколку дена потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека МВР отворило предмет за лажни сертификати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР отворила предмет за можна злоупотреба на здравствени сертификати

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 381 болни од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Која меша подобро: Шакира и Џенифер Лопез направија спектакал на Супербол

Редакција

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница