еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Радев: Притисокот кон Бугарија заради ветото за Македонија ќе се зголемува

Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој учествува на Бледскиот стратешки форум, за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува, јави дописникот на МИА од Софија.

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана, објасни Радев.

Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Северна Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство од 2017 година. Радев смета дека Резолуцијата ги истакнува јазикот и идентитетот како црвени линии за кои Скопје нема да преговара со Софија.

Претседателот на Бугарија повтори дека главен приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

Радев, исто така, изјави од Блед дека очекува заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија, елиминација на негативната слика за Бугарија во учебниците, спомениците и медиумите и прекин на говорот на омраза.

Бугарскиот претседател им се заблагодари на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада на Бугарија.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, пак, во изјава за БНТ изрази надеж дека Бугарија наскоро ќе има стабилна влада со цел да ги продолжи разговорите за европската интеграција на Скопје.

МИА/фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Божиќна пештера поставена на Плоштадот во Скопје, минувачите воодушевени

Редакција

Највисока казна за Трајко Вељаноски: Вкупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

Редакција

Заев не ја одолговлекува оставката и не го менува ставот, велат од Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница