еМагазин
Македонија

Ревакцинирани вкупно 547.105 граѓани: 28% од населението од 18 до 39 години вакцинирано со барем една доза

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, велат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

„Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител,“ се вели во соопштението.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Редакција

МНР започнува со изработка на нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – „Рефлексија 20-30“

Редакција

Судење за насилството во Собрание: Што се допишувал Мукоски на вибер со Пишев, Тарчуловски, Јанакиески…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница