еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа тројца пациенти, најмладиот на 47-годишна возраст

Тројца пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница. Според болничкиот извештај починатите пациенти се од Виница на возраст од 47 години и двајца од Штип на возраст од 58 и 67 години.

Иако е зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта, каде што за 24 часа се прегледани 72 пациенти, сепак притисокот за болничко сместување се намалува во споредба со минатите денови.

Во модуларната болница се лекуваат 35 пациенти, од кои само четворица не се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат шест пациенти, кои се стабилизирани и со полесна клиничка слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетово од Ковид-19 починаа четири пациенти, најмладиот на 53-годишна возраст

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведочење на обвинет за „27 април“: Со ПП апарат прскав по пратеникот Коцев, зошто рече дека сум хулиган

Редакција

„Контакт бизнис“ го доби тендерот за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вреден 253.000 евра

Редакција

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која е санкционирана од САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница