еМагазин
Image default
Македонија

Билал Касами и официјално кандидат за градоначалник на Тетово

На основачко Собрание на тетовскиот огранок Движењето Беса ја официјализираше кандидатурата на партскиот лидер Билал Касами за градоначалник на Тетово. Партискиот претседател од градскиот плоштад порача дека ќе се бори за европско Тетово.

-Тетово не бара импровизација во работата, бара системска работа. Општина Тетово не треба да вработува луѓе само за да пишуваат коментари на социјалните мрежи, платени медиуми за да нема критика и да не се кажува реалноста.

Тетовчаните заслужуваат да знаат каде оди секој денар од општинската каса. Тетовчаните заслужуваат активно да учествуваат во трансформацијата на нивниот град. Овој град е толку важен и има толку можности, истакна Билал Касами на Собранието.

Тој посочи дека со тимска работа ќе понуди промена за Тетово.

-Овој град треба да биде пример за чистота, и зачувавање на животната средина. Општината треба да биде место за сите, а не за некого. Не парите на општината да одат за гласачката машинерија.

Општината треба да биде отворена за сите, за секој граѓанин да биде горд што е жител на Тетово. На денот на изборите да му го вратиме сјајост на Тетово, со најдобрата професионална екипа. Ние нудиме за Тетово и тетовчани да ги компензираме четирите години што ни ги одзедоаа.

Имаме можност да направиме промени. Од овој момент ќе тропнеме на секоја врата имаме ресурси и ветуваме дека ќе направиме граѓаните да се гордеат со Тетово, рече Касами.

Лидерот на Беса и беше противкандидат на Теута Арифи и во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници

МИА/Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски се знаел со Александар Верушевски: Тој е грижлив родител и посветен сопруг

Редакција

Нови 10 случаи на Ковид-19 од 2.960 тестирани, бројката на активни е 160

Редакција

СДСМ ги платил рекламите на социјалните мрежи во првите сто дена на премиерот Ковачевски, утврди Антикорупциска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница