еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје на ЛДП и ДОМ, Никола Пановски носител на советничка листа

Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата на ЛДП и ДОМ, а микробиологот Никола Пановски е носител на советничката листа.

Тие денеска беа промовирани од страна на ЛДП и ДОМ кои на изборите ќе настапат заеднички под слоганот „Одлучно за промени“.

Шаќири на промоцијата изјави дека мотив за да се вклучи во трката за градоначалник на Скопје е тоа што се чувствува изневерен од тоа како се води градот во изминатите четири години.

– Како граѓанин на Град Скопје, сум лично изневерен. Така што, мислам дека треба да се обидеме сите заедно да направиме барем нешто што може да нè натера да успееме да го направиме овој град достоинствен за живот.

Какви се денеска состојбите мене воопшто не ми се допаѓа и токму тоа е мојот мотив да се вклучам во овој процес, па макар и изгубил. Но, се разбира дека секој од нас оди понатаму, оди напред и се труди да дојде до победа, рече Шаќири.

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски рече дека се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет и чесни и искрени скопјани.

– Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат, рече Милевски.

МИА/Фото: Милевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски: Заради ЕУ нема да затвораме очи и уши за окупацијата од профашистичката влада во Софија, депортацијата на Евреите или маскарот во Ваташа

Редакција

Убава вест: Поголем број на оздравени од заразени со Ковид-19, од 159 најмногу во Скопје 42

Редакција

Сите вакцините се безбедни, но кинеските се покажаа помалку ефикасни кон делта сојот од мРНА вакцините, вели Грозданова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница