еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По три недели за прв пат за 24 часа нема починат од Ковид-19 во тетовската болница

Во изминатите 24 часа, до седум часот утринава во тетовската клиничка болница нема починат пациент меѓу заболените кои се на болничко лекување во ковид центарот.

Се намалува и бројот на хоспитализирани во болница.

-За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома.

Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135, изјави д-р Миранда Пајазити.

Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на 24 август имаше најголем број 10 смртни случаи за 24 часа.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ја укина одлуката за ДУП-от во скопски Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Редакција

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати

Редакција

Самит за Западен Балкан: Меркел им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат оти е многу важно за регионот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница