еМагазин
Свет

Холандската министерка за надворешни Кааг поднесе оставка заради Авганистан: „Mинистерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика“

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

– Домот смета дека владата постапила неодговорно … Единствено што можам да прифатам се последиците од таа процена како министер кој ја носи крајната одговорност, рече таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до Владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

– Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи, рече Кааг.

Таа од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи. По изборите во март, сè уште не е формирана нова коалициска влада.

Сè уште не е јасно, проценува ДПА, какви политички последици ќе има оваа оставка врз формирањето на владата.

И британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, ден претходно беше сменет од функцијата заради управувањето со авганистанската криза, додаваат француските медиуми.

МИА/Фото: Фејсбук/Кааг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската Федерална агенција за биомедицина oткри нова опасна мутација на Kовид-19 која ја намалува ефикасноста на вакцините

Редакција

Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години

Редакција

(ВИДЕО) По шлаканицата, Макрон го гаѓаа со јајце во глава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница