еМагазин
Image default
Македонија

Во штипското Инфективно одделение ќе се постави современ противпожарен систем

Штипското Инфективно одделение се очекува за една до две недели да се стави во функција за пациентите, на кои им треба болнички третман.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека за една недела треба да се постави современ противпожарен систем, а средствата за негово поставување се обезбедуваат по пат на донации, бидејќи правилата за претстојните локални избори не им дозволуваат да распишат тендерска постапка.

Ѓеорѓијев забележува дека по завршување на сите градежни активности околу Инфективното одделение ќе биде ставено во функција, а модуларната болница ќе се користи само доколку се зголемува бројот на пациенти.

Според болничкиот извештај во модуларната болница се лекуваат 43 пациенти, а 10 се на Кожното одделение, на кислородна поддршка се вкупно 37, во дневната амбуланта имаат 57 прегледи.

Во изминатите 24 часа нема починат пациент во модуларната болница.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Секој треба да знае дека нема враќање од промената на името

Редакција

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во скопските училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница