еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По три години битка со ракот, почина Марина Туцаковиќ, која ги напиша едни од најубавите песни на Балканот

Најпознатиот музички текстописец во регионот Марина Туцаковиќ почина во 67 година од животот, по долгогодишна борба со рак.

Врз нејзиното кревко здравје влијаеа и компликациите од Ковид-19.

Туцаковиќ ги напиша едни од најпознатите хитови на Балканот, а за нејзините текстови се вели дека се поезија.

Зад себе остави голема трага во музичката историја и речиси да нема познати балкански пејачи за кои не пишувала.

Едни од најпознатите песни Марина ги напиша за Здравко Чолиќ, „Бијело дугме“, Оливер Драгојевиќ, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, Слаѓана Милошевиќ, Лепа Брена, Џеј Рамадановски, Цеца Ражњатовиќ и многу други кои со нејзините песни се прославија на естрадата.

Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, а сите ги проживеа со поддршка и љубов од сопругот Александар Фута Радуловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кои беа едни од најпознатите песни кои ги напиша Марина Туцаковиќ

Калиопи по повод смртта на Марина Туцаковиќ: „Колку е тешко да се простиш од најголемите“

Фото: Инстаграм/Туцаковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата влада да го користи самото името Северна Македонија, предупредува Мицотакис

Редакција

На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија

Редакција

Убава вест: 332 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница