еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Сѐ уште не се знае кога и кој ја оштетил таблата за струја во прилепската модуларна болница, Обвинителството отвори предмет

Основното обвинителство во Прилеп почна со предистражни дејствија за случајот со физички оштетената електрична табла пред прилепската модуларна болница.

Како што информира основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, Обвинителството реагира по допрен глас, по пишувањето за случајот во медиумите. Ќе издаде наредба и до полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со хебла некој се обидел да ја оштети таблата за струја во модуларната болница во Прилеп

– Обвинителството ќе отвори предмет. Почнавме предистражни дејствија за да се открие дали има елементи на кривично дело што се гони по службена должност. Ќе се пушти и наредба до полицијата во насока на расветлување на случајот. Се надевам дека и во текот на денот ќе стигне материјал што ќе го испрати полицијата, вели Илиеска.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВБР Битола полицијата работи на расфетлувањето на случајот, а до овој момент нема нови детали.

Сѐ уште не се знае кога, кој и како физички ја оштететил таблата што ја напојува со струја модуларната болница. Болничкото обезбедување во саботата попладнето, по силниот ветар, забележало дека вратничката со хебла е отворена. Полицијата ги зела и снимките од безбедносните камери.

Според информациите од прилепската општа болница со проширена надлежност, модуларната болница функционира без проблеми. Сега се хоспитализирани 14 ковид-пациенти, тројца се пуштени на домашно лекување. Дванаесет се на кислородна поддршка, а двајца се во потешка здравствена состојба.

Болницата ги поминала и вонредните инспекциски контроли и не се најдени проблеми со противпожарните апарати, со уредите и со инсталацијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во четири училишта во Скопје

Редакција

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на МЕПСО и ЕСМ и на владини преставници во Телеком

Редакција

Судскиот совет ја констатираше оставката на судијата Владимир Туфегџиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница