еМагазин
Image default
Uncategorized

Просечната нето-плата во јули 28.540 денари, според ДЗС пораснала за 4,8%

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 отсто повеќе од јули 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографии од девојки и познати водителки од Македонија завршиле на порно сајт

Редакција

Во Грција за прв пат доделени порно филмски награди

Редакција

Киро Глигоров во тајните документи на ЦИА

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница