еМагазин
Бизнис

РКЕ подготвува црна листа на снабдувачи со струја кои не ги почитуваат договорите

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се подготвува да објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите со потрошувачите на слободниот пазар, најави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

– Изминативе месеци цената на електричната енергија на светските берзи е зголемена и дел од снабдувачите поради тоа ги раскинуваат договорите со некои од компаниите пред време и има обиди да фактурираат по нови цени, а тоа не е дозволиво.

Ги предупредивме, ќе почнеме и постапки за одземање на лиценци, а и ги разгледуваме можностите за да се објави црна листа за да можат да знаат потрошувачите кои снабдувачи имаат лошо поведение и не ги почитуваат договорите.

Снабдувачот е обврзан да му даде услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека трае периодот на префрлување, односно свичинг кај нов снабдувач. Дотогаш не смее да му ја промени цената од договорот, изјави Бислимоски за Утрински брифинг.

Бислимоски уверува дека цената на домаќинствата е стабилна и е гарантирана од страна на РКЕ.

Посочува дела во Македонија во моментов има 13 активни снабдувачи, со што се позиционира како земја со најмногу активни снабдувач во овој дел од Европа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем пад и раст на Македонската берза во првото полугодие

Редакција

Макпетрол откупи сопствени акции

Редакција

Задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница