еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска и утре ветровито време со минимални температури и до нула степени

За денеска и утре синоптичарите најавуваат ветровито време со повремено засилен северен ветер.

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до нула степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека по утрешните пониски дневни температури, в петок и за викендот дневните температури ќе бидат во брзо покачување.

Во изминатите 24 часа до 8 часот утрово, најмногу дожд наврна во Крива Паланка и тоа 4 литри на квадратен метар, во Берово и Дојран по 3, во Виница 2, Скопје, Ѓуриште и Куманово по еден литар на квадратен метар.

До крајот на денот денеска не очекува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд претежно во северните и источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со услови за краткотраен дожд и повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 19 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарската комора загрижена за се почестите напади врз лекарите и медицинскиот персонал

Редакција

За грчката Православна црква е прифатлива автокефалноста на Охридска Архиепископија, но не и името МПЦ

Редакција

Поројни дождови ќе имаме и неделава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница