еМагазин
Image default
Македонија

Иницирани 28 вонредни надзори: Има ли кривични за грешки при лекување од Ковид-19?

Институциите молчат за тоа како завршуваат инспекциските надзори за лекувањата на ковид болните пациенти, објави телевизијата Телма.

Од почетокот на пандемијата државниот инспекторат добил 28 преставки со сомнеж во начинот на лекување на ковид позитивните пациенти.

-За сите веднаш е постапено и инспекторите направиле вонредни надзори. И толку. Од инспекторатот велат дека за сите до Министерството за здравство иницирале и стручни надзори, но нивните ингеренции завршуваат тука, објави телевизијата.

Од Министерството за здравство за Телма велат дека Лекарската комора го врши стручниот надзор и дека во постапка има неколку случаи, а во Обвинителството не можат да кажат дали има кривични пријави за лекување од Ковид-19, оти евиденцијата не се води на тој начин.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот и германскиот амбасадор без коментар за политичката состојба во земјава

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ со нови детали за аферата “Броило“, од партијата го поврзаа Ковачевски со фабрика во ТИРЗ Тетово

Редакција

Пратеник во бугарскиот Парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава во Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница