еМагазин
Image default
Бизнис

Надворешниот долг 29,3% од БДП

Надворешниот долг на крајот на вториот квартал од годинава изнесува 3.395 милиони евра или 29,3 проценти од проектираниот бруто-домашен производ (БДП), што претставува квартално зголемување за 107 милиони евра, објави Народната банка.

Поголемо учество во вкупниот нето долг има приватниот долг (60 проценти).

Според статистичките показатели објавени од централната банка, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.764 милиони евра или 58,3 проценти од БДП и бележи зголемување од 246 милиони евра.

– Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 7.111 милиони евра, или 61,3 проценти од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа е зголемена за 162 милиона евра.

Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 проценти, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, се наведува во соопштението од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда

Редакција

Важно известување од Охридска банка: Лажни меил пораки преку фалсификување на идентитетот на банката

Редакција

Експертите препорачуваат: Само со научен пристап до одржливо лозарство отпорно на климатски промени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница