еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 1.162 починати лица со Ковид-19, 987 не биле вакцинирани

Во период од 6 август до 30 септември на територија на државата починале 1.162 лица со Kовид-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 проценти примиле вакцина, информираат од Министерство за здравство

„Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Немам никакво разбирање на барањето за референдум, станува збор за манипулација

Редакција

Изминатата ноќ во Украина: Гранатирани Харков и Киев, жестоки борби и стотици загинати во Мариупол, Херсон падна во „руски раце“

Редакција

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска чии органи беа донирани, наместо 15 доби 30 месеци казна затвор

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница