еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Главата на Анте Поповски ја фрлиле во Охридското езеро, осквернавени бисти на македонски поети во Струга

Непознати сторители ноќеска ги вандализирале спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга.

Бистата на Поповски била фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

– Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.

Настанот го осуди и директорот на националната установа „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Расевски, посочувајќи дека вакви инциденти се случувале и порано.

– Најостро го осудуваме чинот на вандализирање на бистите на истакнатите македонски поети. Очекуваме сторителите да бидат фатени во најкус рок и соодветно казнети. Апелираме до струшката, но и целата македонска јавност да ги почитуваат придобивките од нашата поетска традиција, рече Тасевски.

Вработени во установата се на терен во обид да ја извадат бистата од езерото и да ја вратат на постаментот.

Вандалскиот чин се случува на 18-годишнината од смртта на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: СДСМ поднесе кривични пријави за „бомбите“ што беа објавени деновиве

Редакција

Се јави Груевски: Ципрас никогаш не побарал да разговараме за решение за името

Редакција

Корисни совети за исхраната и крвниот притисок

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница